Главен шеќер на секое млеко е лактозата која се состои од 2 молекули: глукоза и галактоза. За апсорпција на овие молекули во цревата е неопходно да се раздвоени (хидролизирани), а тоа го обезбедува ензимот лактаза.

Интолеранција на лактоза кај бебињата

Ако ензимот лактаза недостасува во човечкиот организам или неговото создавање е намалено, се доведува до интолеранција на лактоза, што е чест проблем не само кај возрасните туку и кај децата.

Интолеранција на лактоза кај бебињата е воглавно минлива, заради намалено создавање лактаза во првите неколку месеци од животот. Под влијание на постоечките бактерии доаѓа до зголемена ферментација во цревата која резултира со продукција на гасови и со самото тоа доаѓа до флатуленција, напнатост и тврд стомак. Оваа зголемена ферментациона активност може да доведе до пореметување на перисталтичките движења, што предизвикува болни грчеви.

Зголемен притисок во цревата заради несварена лактоза и млечна киселина предизвикува рефлукс и доведува до надуеност и дијареа. Промени на осмотскиот притисок во цревата понатаму предизвикуаваат губиток на вода и ако не се надополни, може да дојде до дехидратација на детскиот организам.

РЕШЕНИЕ

Мајките кои дојат би требало во својата исхрана да намалат па дури и да исклучат храна која може да предизвика или да ги влоши грчевите, како на пример:

карфиол, брокули, прокељ, крставица, лук, бибер, кафе, зачинета храна. Истовремено опкружувањето во кое мајката дои, треба да биде мирно и пријатно.

Но, доколку коликите се предизвикани од намалено создавање лактаза, тегобите значително се намалуваат или прекинуваат после додавање ензим лактаза како додаток во исхраната, меѓу нив најдобар е ColiPrev ® во млекото, адаптираната формула или дирекно во устата на бебето.

Ензим лактаза во ColiPrev® капките

Високо активен ензим лактаза се добива од габата Aspergillus orizae, кој е биолошки активен извор на лактаза – стабилен дури и во Ph на желудочната киселина.

ColiPrev® | Прва помош кај стомачни грчеви кај бебињата
ColiPrev® | Прва помош кај стомачни грчеви кај бебињата

Ензимот лактаза е природен ензим кој се наоѓа во тенкото црево. Овој ензим овозможува да се свари лактозата со хидролиза- раздвојување на два прости сахардиди: глукоза и галактоза, кои за разлика од дисахаридот- лактоза, се лесно сварливи. Потоа овие моносахаради лесно се апсорбираат во цревата. Бидејќи млекото е фундаментална храна за бебињата и малите деца, тие често патат поради недоволно создавање на ензимот лактаза. Се јавува надуеност, грчеви во стомакот, пролив. Додавање на ензимот лактаза во млекото или адаптираната формула спречува појава на овие симптоми.

Неколку клинички студии ја оправдуваат употребата на ензимот лактаза кај бебињата, каде се смета дека недостатокот на лактаза е минлив, и отежнатото варење на лактозата е причинител за настанување на грчеви кај бебињата.

Кои се симптомите на неподносливост на лактоза?

Неподносливоста на лактоза може да се осети за 30 минути до 2 часа после внес на млеко и млечни производи. Симптомите варираат од благи до тешки, зависно од количината на внесена лактоза и количината која може да се поднесе.

Чести сиптоми се: болки во стомакот, надуеност, гасови, пролив, мачнина.

Како се открива интолеранцијата на лактоза кај бебињата и децата?

Консултирајте се со вашиот педијатар доколку се посомневате дека вашето бебе или дете има симптоми на интолеранција на лактоза.

Постојат неколку тестови кои вашиот педијатар најверојатно ќе ви ги предложи:

Тест на столица

Најчесто се прави кај новороденчиња и бебиња, доколку постои сомнеж дека се нетолерантни на лактоза. Со овој тест се мери количината на киселина во столицата, бидејќи несварената лактоза бактериите ја разложуваат во цревата и создаваат млечна и други киселини, кои можат да бидат пронајдени во столицата.

Тест на внес на лактоза

Доколку на вашето дете го правите овој тест, не смее да се внесува храна пред посета кај докторот, за да може да се утврди точното ниво на шеќер во крвта. Додека сте кај докторот, вашето дете најверојатно ќе треба да испие течност со висока концентрација на лактоза, која во крвта се разложува на глукоза и галактоза. После два часа се зема примерок од крв и се мери нивото на глукоза во крв. Ако нивото на глукоза во крв не расте, организмот не ја вари правилно течноста со лактоза, што значи дека постои нетолеранција на лактоза.

Тест на дишење

За овој тест истотака е потребен внес на течности со високо ниво на лактоза. Бактериите кои се наоѓаат во цревата, ја разложуваат несварената лактоза при тоа ослободувајќи јаглерод диоксид и водород. Тенкото црево го апсорбира водородот носејќи го преку крвотокот до белите дробови. При овој тест нивото на водородот при едно издишување се мери на одредени интервали.

Тест на повторно внесување на одредени намирници

Пробајте да го намалите внесот на млеко и млечни производи кои ги давате на детето и на тој начин можеби ќе ја откриете количината на млечни производи која му одговара. Всушност, поголемиот дел од децата создаваат мала количина на ензимот потребен за растворање на лактозата, па се препорачува конзумирање на помали количини млечни производи, но почесто во текот на денот, како би се ускладил внесот на лактоза со количината на произведена лактаза.

Кои намирници може да се даваат кај дете со интолеранција на лактоза?

Обратете внимание на преработувани намирници кои содржат наречена скриена лактоза...

Ако од исхраната кај детето во потполност исклучите млечни производи,постои веројатност на недоволен внес на калциум, кој е неопходен за правилен раст и развој на коските во детството.

„Калциумот е неопходен за развој на коските на вашето бебе, така што е многу значајно да се обрне внимание на исхраната на бебињата и децата, во случај ако треба и е неопходно да се елиминираат млечните производи„.

Во тој случај е неопходно во исхраната да се вклучат намирници богати со калциум како што се: темнозелен зеленчук (брокули, кељ) , сите врсти на мешункасти плодови, портокал, јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешник) , суви смокви, ситна риба, производи од соја (млеко, сирење).